Седум награди на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ за претставата „Иванов“ на МНТ

од Vladimir Zorba

На денешната прес-конференција на 58. МТФ „Војдан Чернодрински” во Прилеп, беа соопштени наградените, од кои 7 (седум) се за претставата „Иванов” во режија на Зоја Бузалковска на Македонскиот народен театар.

1. Награда за рекламен материјал: Зоран Кардула.

2. Награда за кореографија и сценски движења: Александар Зарапчиев и Нина Деан.

3. Награда за сценографија: Илина Ангеловска, Тодор Дајевски, Зоја Бузалковска.

4. Награда за млад актер „Трајко Чоревски”, за улогата Љвов, Евгениј Константинович: Григор Јовановски.

5. Награда „Димче Трајковски” за машка епизодна улога на Павел Кирилич Лебедев оди во рацете на првенецот Ѓорѓи Јолевски.

6. Награда за главна женска улогата на Саша, ќерката на Лебедеви, ја доби Дарја Ризова.

7. Награда за режија ја доби Зоја Бузалковска.

Наградите беа доделени од страна на фестивалската жири-комисија во состав: Д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев– театарски критичар, авторка, драматург, професор по историја на светска драма и театар на Катедрата за теорија и историја на драмските уметности и анализи на драмското творештво на Катедрата за драматургија при Академијата за уметности при Универзитетот во Нови Сад, Д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ – стилистичарка и професор на Академијата за сценски уметности и на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Сараево, БиХ и Варја Ѓукиќ– актер, автор и директор на фестивалот „Одакле зовем” – Подгорица, (2009).

Наградите ќе бидат врачени вечер на свеченото затворање на фестивалот во 19:30 часот во НУЦК „Марко Цепенков”.

Слични содржини