413
Седум земји од Европската унија нарачале муниција во рамките на шемата за набавки на ЕУ со цел итно да испорачаат артилериски гранати во Украина и да ги надополнат исцрпените залихи на Западот, соопшти надлежната агенција на ЕУ.
Нарачките се однесуваат на артилериски истрели од калибар 155 милиметри, што е речиси најважната муниција во конфликтот меѓу украинските и руските сили, објави Ројтерс.
Шемата беше идентификувана како дел од планот вреден најмалку две милијарди евра, лансиран во март, со цел да и обезбеди на Украина еден милион артилериски гранати и проектили во рок од една година.