Седумчлена делегација од Шведска што поминала низ слична трагедија доаѓа на помош во Кочани

од Nikola Popovski
80 прегледи

Од денеска до четврток, тим од седум члена од Гетеборг, Шведска, ќе го посети Кочани.

Шведскиот тим ќе го сподели своето искуство од пред 27 години, пожар во дискотека што се случи во 1998 година. Гетеборг ќе им ги пренесе на Кочани своите научени лекции со цел заедно да се создадат модели на солидарност, отпорност и споделена надеж.

Седумчлениот тим го сочинуваат социјални работници, преживеани, пожарникари и координатор на центарот за поддршка.

Ќе понудат и лични и професионални искуства, за да дадат поддршка на заедницата во Кочани и регионот.

Слични содржини