СЕФ ќе се одржи во Давос, местото не се менува

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Одложениот годишен состанок на Светскиот економски форум (СЕФ) за 2022 година ќе се одржи во швајцарскиот алпски скијачки центар Давос, изјави основачот на СЕФ, Клаус Шваб, отфрлајќи ги шпекулациите за можно преместување на овој собир од неговиот традиционален дом на друга локација.

„Ќе се одржи во Давос“, рече Шваб во интервју за таблоидот „Блик“, објавено денеска, на прашањето дали СЕФ ќе го преиспита Сингапур како место за овој настан, кој ја собира светската деловна и политичка елита, пренесе Ројтерс.

Поради ситуацијата со Ковид, организаторите на СЕФ одлучија да го преместат местото на состанокот планиран за 2021 година од Давос во врвен конференциски центар во централна Швајцарија, а потоа ја сменија локацијата и го избраа Сингапур пред целосно да се откажат од настанот поради пандемијата.

СЕФ во понеделникот објави дека го одложува годишниот состанок за 2022 година за лето поради ширењето на „омикрон“ видот на Ковид-19.

Слични содржини