Сега е јасно зошто Путин денеска прогласи делумна мобилизација

од Nikola Popovski

Советот на Руската Федерација денеска ги одобри измените на Кривичниот закон за воена служба, кои Државната Дума ги усвои ден претходно.

Како што е наведено во документот, како отежителна околност за кривични дела против служењето на војската, сите прекршувања на законите сторени не само во услови на вооружен конфликт или непријателства, туку и „во период на мобилизација или вонредна состојба и во периодот на војна“, пренесува РИА Новости.

Дополнително, кривично ќе се санкционираат и неизвршување на воени наредби, отпор кон началникот на воената служба, неовластено напуштање на службеното место, дезертерство, затајување на службата, прекршување на правилата за служба, губење на воен имот доколку се случило. за време на вонредна состојба, во војна или во услови на вооружен конфликт или непријателства“.

Граѓаните повикани на воена обука од резервниот состав отсега кривично ќе одговараат што не се јавиле на повикот на надлежните или неовластено ја напуштиле службата, исто како и војниците по договор.

Доброволното предавање на непријателот сега се казнува со затвор од три до десет години, а овој член претходно не бил дел од Кривичниот законик.

Војникот кој првпат го сторил ова кривично дело може да биде ослободен од кривична одговорност доколку презел мерки да се ослободи, врати во единицата или местото на службата и доколку во заробеништво не сторил други кривични дела.

Со измените на Кривичниот законик се воведува кривична одговорност и за разбојништво со максимална затворска казна до 15 години.

За да стапат на сила овие измени, законот мора да биде потпишан од претседателот на Руската Федерација.

Фото: Konstantin Mihalchevskiy / Sputnik / Profimedia

Слични содржини