„Сега е време“: Алијанса за Албанците и Алтернатива ја започна изборната капмања

од Берта Китинска
219 прегледи

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива информира дека ја започна својата политичка кампања за предвремените парламентарни избори во земјава со мотото „Сега е време“.

„Дојдено е времето за демократија и кај Албанците.Сега е време за промена кај Албанците.
Сега е време за еднакви права, за еднакви инвестиции.Сега е време за правда која не ги бира граѓаните според етничка, политичка и верска припадност.Сега е време за квалитетно образование, за квалитетно здравје.Сега е време за држава за сите“, соопшти коалицијата предводена од лидерот на Алијанза за Албанците, Зијадин Села и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Слични содржини