Сега и официјално: Салах го продолжи договорот со Ливерпул

од Nikola Popovski
12 прегледи

По повеќемесечна сага, Мохамед Салах потпиша нов договор со Ливерпул. „Црвените“ завршија огромна работа бидејќи Египќанецот ја продолжи соработката на уште две години и со тоа јасно даде до знаење дека нема да го напушти клубот како слободен играч ова лето.

Салах веќе некое време е еден од најдобрите светски фудбалери, а оваа сезона направи уште поголем исчекор и пружи неверојатни партии.

– Секако дека сум возбуден. Имаме одличен тим. И претходно имавме одличен тим. Потпишав затоа што мислам дека имаме шанси да освојуваме трофеи и уживаме во фудбалот. Овде ги поминав моите најдобри години. Играв осум години, се надевам дека ќе бидат 10. Уживав во мојот живот овде, во фудбалот, изјавил фудбалерот.

– Би сакал да кажам дека сум многу, многу среќен. Продолжете да не поддржувате, ќе дадеме се од себе, се надеваме дека ќе освоиме повеќе трофеи во иднина, изјави Салах, пренесува клупската веб-страница на Ливерпул. Се шпекулира дека ќе заработува 20 милиони фунти по сезона со новиот договор.

Сезонава на 45 натпревари во сите натпреварувања, Салах постигна 32 гола и забележа 22 асистенции. Се етаблира како легенда на Ливерпул откако дојде од Рома во летото 2017 година.

Во наредните денови се очекува потпис на нов двегодишен договор да стави и капитенот на тимот, Вирџил Ван Дајк.

Слични содржини