Како што се приближува зимата, светот се соочува со нагло зголемување на бројот на нови инфекции со коронавирус, а веќе знаеме многу добро за што нè предупредуваат епидемиолозите секој ден – маска, далечина и хигиена.
Исто така, општо е познато дека вирусот обично се шири со близок контакт, но под одредени услови. Луѓето оддалечени два метра можат да се заразат од изложеност на мали капки и честички кои ги издишува заразено лице, соопшти Центарот за контрола и превенција на болести во октомври. Овие капки и честички можат да останат во воздухот неколку минути или до еден час.
За визуелно да го илустрира ризикот од пренесување преку воздух во реално време, „Вашингтон пост“ користел инфрацрвена камера од „ФЛИР системи“ што е способна да дектектира здив. Бројни експерти – епидемиолози и имунолози ја поддржаа идејата за користење камера за да се покаже потенцијалниот ризик од пренесување во различни средини.
„Сликите се многу, многу реални“, рече Рајт Митал, професор по машинско инженерство на медицинските и инженерските училишта на Универзитетот Џон Хопкинс и експерт за пренесување на коронавирус.
Екстремно чувствителниот систем на камера открива варијации во инфрацрвеното зрачење кои не се видливи со голо око. Оваа технологија се користи во воена и индустриска средина, како што е откривање на протекување на метан во цевководи. Исто така полицијата ги употребила камерите при 20-часовно пребарување на бомбаши од „масакрот во Бостон“.
Според експертите, сликите покажуваат потенцијален ризик од пренесување на вирусот преку честички во воздухот, и тие можат да се шират понатаму.