СЕХА лига: Вардар освои бод во Брест

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Екипата на Вардар ја продолжува серијата без порази во СЕХА Газпром лигата по ремито 25-25 (12-12) против Мешков во 12. коло од регионалното натпреварување.

Од гостувањето во Белорусија „црвено-црните“ можеа да се вратат и со три бода, но последниот удар на Даинис Криштопанс од девет метри го одбрани домашниот голман Раде Мијатовиќ.

Вардар на овој натпревар настапија без неколку ракометари од првиот состав, но, и покрај тоа тие одиграа натпревар во кој постојано беа во игра, а во самата завршница направија и пресврт со можност да триумфираат.

Најпрецизен за тимот на Раул Гонзалез беше Тимур Дибиров, кој постигна 8 гола, додека Циндриќ, Македа и Криштопанс постигнаа по 3. Кај домаќинот најпрецизен беше Вукиќ со 4.

За Вардар ова е прв натпревар сезонава во СЕХА лигата на кој освојуваат само бод, но го задржаа лидерското место на табелата со 34 бода, осум повеќе од второпласираниот Целје.

Тимот на Мешков остана на четвртото место со 22 бода.

Во сабота Вардар гостува кај Татран Прешов во Словачка во истото натпреварување.

Слични содржини