Сејдини: Никогаш досега македонскиот фудбал не доживеал таква експлозија

од Vladimir Zorba

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Муамед Сејдини во своето обраќање пред јавноста пред настапот на репрезентативците на Европското првенство, направи мала ретроспектива на тоа што се случуваше во изминатиов период.

„Некои приказни едноставно подобро се раскажуваат ако започнеме од крајот! Победивме бидејќи си рековме себеси дека сме победници. Македонската фудбалска репрезентација се пласираше на Европското првенство. Бидете горди. Затоа што ова е време кога македонските фудбалски великани одат по земја“, вели Сејдини.

„Никогаш досега македонскиот фудбал не доживеал таква експлозија. Тие емоции од Грузија со ништо дотогаш не можат да се споредат. Беа искрени и едноставно доаѓаа од целата наша држава како реакција на сѐ она што во годините наназад ни се случуваше во фудбалот“, посочува првиот човек на ФФМ.

Слични содржини