Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

од Берта Китинска

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд.

Сејдини всушност е реизбран на функцијата, бидејќи истата ја извршуваше и во претходниот период од 2017 до 2021 година.

„При неговиот избор беше нагласена неговата професионалност, организираност, искуството и резултатите што ги има постигнато“, се наведува во соопштението.

На седницата Судскиот совет определил и вршители на должноста претседател во неколку основни судови – Куманово, Ресен и Тетово, кои исто така и досега биле на челните функции.

„Досегашната претседателка Снежана Манев ќе раководи со Основен суд Куманово. За Основен суд Ресен е определена Емељ Кранли Али, која исто така до сега беше на челната функција во судот. Хасан Асани, досегашниот претседател на судот во Тетово е определен за вршител на должност. Тројцата претседатели се определни за вршители на должност поради континуитетот во работата на судовите, а на функцијата ќе останат одреден период, до официјален избор на претседатели“, посочуваат од Судскиот совет.

Слични содржини