Сејдини за химната: Го одбравме тоа што беше сугерирано како најдобро решение, а никогаш не би дозволил да се мешам во туѓа работа

од Nikola Popovski

Се обидувам, но никако не можам да ја разберам потребата за новинарски сензации и наслови кои никому не му одат во прилог, а кои се целосно невистинити и најостро ги демантирам. Јас, Муамед Сејдини, потполно сум убеден дека во моментот ја имаме најдобрата генерација македонски фудбалери, генерација која го постигна најдобриот резултат во историјата на нашиот фудбал и верувајте, ќе продолжат уште повеќе да не радуваат сите нас“, се огласи претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини откако се најде на удар кај дел од спортската јавност во Македонија.

Според него, оваа Македонија е моќна и наша цел е континуиран настап на големите натпреварувања. На добар пат сме тоа да го постигнеме.

„Апсолутно не очекувам никој мене лично да ме пофали за истото, бидејќи јас ниту асистирам, ниту постигнувам голови, ниту правам тактика за натпреварите.Тоа го прават нашите златни момци и стручниот штаб.

Колку малку е потребно за сите во Македонија да доживеат моменти на среќа и радост, покажаа 90-те минути на натпреварот со Германија, а посебно после последниот свиреж на судијата.

Моја најголема одговорност е оваа атмосфера во репрезентацијата, оваа фудбалска бајка да продолжи, да се надградува и никој од страна да не успее да ја расипе.

Во спортот нормално е да има разговори и различни мислења. Тие се решаваат интерно и со договор бидејќи целта на сите нас е Македонија да оди само напред и никако поинаку.

Секогаш практикувам и се обидувам да ги слушам советите на професионалците во својата област, така беше и во случајот со навивачката химна. Го одбравме тоа што беше сугерирано како најдобро решение, а никогаш не би дозволил да се мешам во туѓа работа, а посебно да негирам нечии заслуги.Тоа е една од најлошите особини што човек може да ги има.

Сега е наше време сите да се обединиме зад фудбалската репрезентација на Македонија.

Сега е наше време сите да помогнеме за успех на претстојното Европско првенство.

А, јас во секое време сум на располагање за сите медиуми да одговарам на сите прашања.

Ве уверувам, нема да дозволам никој по било која цена која што е надвор од фудбалот да ја наруши прекрасната атмосфера што владее во репрезентацијата.Тоа е моја должност и обврска. Да го зачуваме тоа што сите нас не прави среќни, горди и радосни“, објави Сејдини на Фејсбук.

Оваа негова изјава следува по вчерашните написи  во некои медиуми дека лично претседателот на ФФМ, интервенирал и наредил да се исфрли делот од химната за селекторот Игор Ангеловски,  која се подготвува за нашата фудбалска репрезентација пред настапот на ЕП.

Слични содржини