Секогаш пред протести: Целиот железнички сообраќај во Србија е суспендиран поради наводни закани од бомби

Ова се случува ден пред најавениот голем комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. И во пресрет на големиот протест во Белград на 15 март, железничкиот сообраќај беше нарушен поради наводни закани од бомби.

од Vladimir Zorba
10 прегледи Фото: Официјален Фејсбук профил на Александар Вучиќ

Железничкиот сообраќај низ цела Србија е привремено суспендиран поради анонимна дојава за експлозивни направи, објави Србијавоз на својата официјална веб-страница.

„Србијавоз д.д. ги информира своите корисници на услуги дека на 31 октомври 2025 година е примен анонимен повик дека на сите возови и пруги се поставени експлозивни направи“, соопшти компанијата.

„Интензивно работиме со Министерството за внатрешни работи за решавање на ситуацијата. Принудени сме привремено да го суспендираме целиот железнички сообраќај со цел да ги заштитиме животите на патниците и возниот персонал. Ги молиме патниците да се информираат преку веб-страницата www.srbijavoz.rs или преку кол-центарот пред да тргнат кон станицата додека сообраќајот не се нормализира целосно“, се вели во соопштението.