Секој десетти Шпанец бил заразен со коронавирус

од Nikola Popovski
292 прегледи

До средината на ноември, секој десетти жител на Шпанија бил заразен со коронавирус, а скоро половина од нив се заразиле за време на летниот пик на епидемијата, според првичните резултати од официјалното истражување за присуството на антитела кај популацијата.

Четвртата и последна рунда од националното истражување откри дека 9,9 проценти од над 51.400 испитани развиле антитела во одреден момент од почетокот на пандемијата, соопштија денес официјалните лица во водечкиот шпански епидемиолошки центар, Институтот за здравство Карлос 3-ти и Министерството за здравство, објави Ројтерс.

Студијата укажува на тоа дека досега се заразени најмалку 4,7 милиони луѓе, иако податоците на Министерството за здравство покажуваат дека вирусот бил лабораториски потврден кај 1,75 милиони Шпанци, пренесува Танјуг.

Во Шпанија, 48.000 луѓе починале како резултат потешка клиничка слика со Ковид-19.

Најголемо присуство на антитела е забележано кај здравствените работници, хигиеничарите и медицинските сестри во домовите за стари лица.

Слични содржини