Секој глас што ќе замине кон некоја друга опција е глас фрлен за бадијала, кажа Мицкоски

Секој што мисли дека има трета, четврта или поинаква опција се лаже бидејќи тоа е невозможно.

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Венко, Али и Димче се здружени за власт и заради патолошка омраза кон ВМРО-ДПМНЕ, истакна премиерот Христијан Мицкоски попладнево на предизборен митинг во Демир Хисар.

Според лидерот на владејачката партија Мицкоски, граѓаните на овие избори имаат две опции, како што рече „коалицијата на ВМРО ДПМНЕ со јасни резултати постигнати во изминатите 15 месеци и непринципиелната коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица“.

-На овие избори треба да имаме јасна претстава на опциите што се пред нас. Едната опција е коалицијата што се здружи на основа на два приниципа, првиот е желбата за власт по секоја цена, без разлика на нивните политички и човечки разлики како и нивната желба за власт и привилегии што ги уживаа и безмилосно ги користеа. Второстепена е и патолошката омраза кон ВМРО ДПМНЕ, а тоа е коалицијата што ја предводи СДСМ, а потоа се ДУИ и Левица. Здружени се Венко, Али и Димче за власт и заради патолошката омраза кон ВМРО ДПМНЕ. Втората опција за граѓаните е коалицијата што ја предводи ВМРО ДПМНЕ. Секој што мисли дека има трета, четврта или поинаква опција се лаже бидејќи тоа е невозможно. Секој глас што ќе замине кон некоја друга опција е глас фрлен за бадијала и служи на некој што не му мисли добро на Македонија, нагласи Мицкоски.