Секој избран член на Судскиот совет дејствува со име и презиме, потребна е конкретна одговорност, вели Маричиќ

од Vladimir Zorba

„Секој е избран со име и презиме и дејствува таму со име и презиме. И мислам дека што повеќе ја конкретизираме одговорноста, со име и презиме толку подобро ќе биде и побрзо ќе дојдеме до решение“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Трилинг“ на ТВ24.

Тој додаде дека оценската мисија на ЕУ е добар чекор и Владата ќе го прифати, бидејќи Северна Македонија како земја кандидат за членство ги користи механизмите и извештаите на ЕУ како инструмент за подобрување.

„Имиџот на Судскиот совет е слика за целото правосудство, затоа е важно, таа оценска мисија не е прва, ние сме имале оценски мисии и имаме за многу области. Но таа оценска мисија ќе оди детално во анализирање на слабостите на судскиот совет и неговото функционирање и ќе даде конкретни препораки“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека Судскиот совет работи според закон донесен во 2019 година, кој беше одобрен од Европската комисија и од Венецијанската комисија.

Слични содржини