21
Mакедонската куќа на фудбалот информира дека на денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија била донесена одлука за распределба на средствата наменети за солидарна шема на УЕФА за сезоната 2024/25 во висина од 1.811.000 евра.
Средствата ќе бидат распределени на клубовите од Прва МФЛ кои ќе ги исполнат критериумите за натпреварувачата сезона (програма за развој и минимум правни информации).
-Средствата ќе бидат распределени подеднакво, односно секој клуб ќе добие по 150.916,00 евра. Управниот одбор на ФФМ го усвои предлогот за назначување на Генерален секретар на ФФМ. Леонид Јандреоски е назначен за прв оперативец во „Куќа на фудбалот“ со мандат од четири години, стои во соопштението од ФФМ.