Секој што ќе одбие работа во Германија го губи правото на надоместок за невработеност

од Nikola Popovski
758 прегледи

Оние кои ќе одбијат работа во Германија повеќе нема да добиваат помош во форма на граѓански надомест, порачал германскиот министер за труд, Хубертус Хајл.

Според неговиот план, на секој што целосно ќе одбие работа ќе му бидат укинати бенефициите до два месеци, но државата ќе продолжи да им плаќа за домување за да го спречи бездомништвото.

„Планирана уредба е насочена кон оние кои неразумно и самоволно одбиваат да прифатат разумна работа што им е понудена. Регулативата ќе биде во согласност со пресудата на Сојузниот уставен суд за финансиски санкции на граѓаните“, соопштиле од тамошното Министерство, а пренесува „Феникс Магазин“.

Се укинува и граѓанскиот додаток, но останува основната идеја за подобро вклучување на луѓето на пазарот на труд преку обука.

Секој кој започнал подобна мерка ќе го добие бонусот додека не ја напушти или заврши мерката.

Германската федерална влада сака да го одобри ова ново правило, а потоа да се примени што е можно поскоро.

„Кој не се согласува ќе мора да се соочи со потешки последици. Како министер за труд знам едно – Германија е земја на вредни луѓе. Секој ден гледам луѓе кои се борат да го одржат општеството заедно. Но, некои луѓе сè уште зависат од државата, бидејќи потребата за помош може да влијае на секого, без разлика дали е поради болест, невработеност или други околности и за нив е точно дека секогаш можат да се потпрат на социјалната држава“, рекол министерот Хајл.

Слични содржини