Турскиот парламент обезбеди имунитет од судско гонење на членовите на вооружените сили, кои учествуваат во антитерористички операции. Веста доаѓа откако претходно турскиот премиер Бинали Јилдирим прогласи крај на операциите против забранетата Курдистанска работничка партија во југоисточните делови на земјата.

Новиот закон опширни овластувања на армијата, која ги започна своите операции против курдската организација откако по двегодишно примирје меѓу неа и Анкара пропадна минатата година, пишува либанското издание “Дејли стар”.
Новиот закон може да ја направи потешка истрагата на полицајци, обвинети за кршење на граѓанските права. ОН, како и голем број на хуманитарни организации, предупредија за слични прекршоци за време на воените операции против ПКК во градовите на југоисток.
Според опозицијата во земјата за време на нив биле убиени стотици цивили. Пред да ја преземе функцијата на претседател во 2014 година Реџеп Ердоган оддели значително време во создавањето на цивилна контрола над армијата.
Што предвидува член 50 од Лисабонскиот договор во случај на излез на земјата од ЕУ
Според критичарите денешната одлука на парламентот отстранува некои од овие реформи. Турција, САД и Европската унија ја сметаат ПКК за терористичка организација. Таа ја започнува својата дејност во 1984 година, а оттогаш, во рамките на конфликтот со турската држава, загинале над 40 000 лица.
Новиот закон ќе бара дозвола од армијата или од политичкото раководство, пред да бидат започнати истраги против војници. Законот влегува во сила ретроактивно, што значи дека ќе вклучува воените операции во текот на изминатата година. Тој ќе има сила и врз цивилните службеници вклучени во такви антитерористички операции. Законот исто така ја проширува надлежноста на воените судови, каде што ќе бидат давани под суд членовите на безбедносните сили, обвинети за криминални активности во текот на својата служба.