Ендометриозата е болест на женскиот репродуктивен систем која за прв пат е медицински опишана во средината на 19 век. Денеска, таа е трета најчеста гинеколошка болест која доведува до разни компликации.
Сепак, често се занемарува или малку се зборува. Причините за тоа се што кога е во рани фази, дава симптоми слични на ПМС и на менструални болки, па често жената не е ниту свесна дека страда од ендометриоза.
Ова, пак, доведува до доцна идентификација на заболувањето, а според статистичките податоци, ендометриозата е причина за неплодност кај 1/3 од жените со репродуктивни проблеми.
За да се покрене свесноста за оваа состојба, на глобално ниво се започнати и многу кампањи за превенција, организирани од Светската фондацијата за ендометриоза и репродуктивно здравје.
Како оваа болест се манифестира?
Енндометриозата значи нетипично растење на ендометриумот во внатрешниот дел од матката, што може да доведе и до зафаќање на околните органи, а во некои случаи е забележано излегување на ткивото и низ вагиналниот и аналниот отвор. Овие промени доведуваат до проблеми со месечниот циклус, но и со плодноста. Ако се прошири на јајниците, може да предизвика појава на цисти.
Секоја жена е должна да се грижи за своето репродуктивно здравје, а тоа може да се постигне со редовни гинеколошки прегледи. Само ако редовно се јавувате на преглед, промените може да бидат забележани во раната фаза и лечењето да биде помалку комплицирано, наместо да доаѓа до операции и гинеколошки интервенции.
За официјален месец за покренување на свесноста за ендометриозата, на светско ниво, е прогласен март.