Секоја институција е обврзана да штеди струја, порача Маричиќ

од Nikola Popovski
143 прегледи

Согласно владините одлуки, секоја институција има обврска да штеди струја, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој појасни дека таа обврска им е дадена на сите институции.

-Цените се качуваат и тоа сите го чувствуваме. Со мерките што се објавени ќе постигнеме поголема рационалност и во трошењето на јавните средства, но и во трошењето на електричната  енергија како ресурс. Сериозно ги прифативме владините одлуки и секоја институција има обврска да работи на максимална рационализација, изјави Маричиќ по панелот „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности!”.

Маричиќ додаде дека може да се достават конкретни податоци за тоа колку пари се заштедени во институциите од воведувањето на мерките.

Слични содржини