Секојдневни протести пред Собрание и Влада: Администрацијата бара повисоки плати

од Берта Китинска
323 прегледи

Доколку утре до 12 часот не се случи нешто, нема ветување за реализација на нашите барања, секој ден од 16 до 17 часот ќе протестираме, вели претседателот на КСС Благоја Ралповски, бидејќи минималната плата е зголемена но, и натаму во јавниот сектор има вработени чии месечни примања се под износот од 18 илјади денари на колку што е законски утврдена најниската плата.

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) започнува со секојдневни попладневни протести. Денеска во план е протестен марш од Собранието до Владата, кој ќе започне во 16 часот.

-Овие денови речиси незабележително се донесе нов Закон за административни службеници во кој има срамно покачување на платите од 100 до 200 денари. Дел од јавната администрација се претвори во социјална категорија, доведена е на прагот на преживување во услови на секојдневен раст на цените и растечка инфлација, изјави Ралповски.

Слични содржини