Секојдневното консумирање на омилената ужина го намалува ризикот од депресија

од Stefanija Kuzmanovska
390 прегледи

Јадењето кикирики секој ден може да го намали ризикот од депресија за 17 отсто, покажува ново истражување.

Антиоксидансите во омилената закуска со пивото помагаат во заштитата на вашиот мозок, објавија шпанските истражувачи.

„Нашите наоди истакнуваат уште една придобивка од консумирањето јаткасти плодови. Ова е уште поголема причина луѓето да ги консумираат овие јаткасти плодови“, вели Бруно Бицозеро-Перони од Универзитетот во Кастиља-Ла Манча во Шпанија.

Претходните студии покажаа дека исхраната може да има големо влијание врз депресијата, а храната богата со антиоксиданси, како што се бобинки, се покажа како корисна.

Најновата студија, објавена во списанието Elsevier Clinical Nutrition, истражуваше како јадењето јаткасти плодови влијае на шансите на луѓето да ја развијат оваа состојба.

Истражувачите ги разгледале податоците од 13.504 Британци на возраст во просек од 57 години и следеле дали им била дијагностицирана депресија или користеле антидепресиви. Тие биле прашани за нивната исхрана помеѓу 2007 и 2012 година и ги следеле околу пет години.

Јаткастите плодови што ги јаделе вклучувале несолени, солени и печени бадеми, индиски ореви, ф’стаци, како и кикирики.

Луѓето кои јаделе грст јаткасти плодови секој ден, околу 30 грама, имале помала веројатност да страдаат од депресија отколку оние кои не јаделе ниту еден.

Бицозеро-Перони рече дека антиинфламаторните и антиоксидантните ефекти поврзани со нутритивниот состав на јаткастите плодови може да играат важна улога во намалувањето на ризикот од депресија.

„Понатаму, јаткастите плодови се богати со амино киселини, вклучувајќи аргинин, глутамин, серин и триптофан, а пониските нивоа на овие аминокиселини се поврзани со депресија“, објасни тој.

Слични содржини