Секретарот од болницата во Охрид денес разрешен и суспендиран поради злоупотреба со вакцината против Ковид 19

370 прегледи

Министерството за здравство информира дека Директорот на општата болница во Охрид, Горан Балески денес ќе го разреши и суспендира секретарот на болницата, Антонио Наумоски кој без приоритет се вакцинирал со здравствените работници против Ковид 19.

Осудена ќе биде секоја злоупотреба и прекршување на приоритетните групи, опфатени во трите фази на Ковид имунизацијата, посочија од Министерството за здравство.

„Укажуваме дека никој кој не е здравствен работник, опфатен во првата група, од првата фаза за имунизација, не смее да се вакцинира. Министерството за здравство апелира до сите здравстени установи, кои ги изготвуваат списоците за вакцинација и ги испраќаат до националниот систем „МојТермин“, дека за непочитување на планот и стратегијата за вакцинација, како и за секоја злоупотреба на процесот ќе следуваат строги санкции“, се вели во соопштението од ресорното министерство.

Слични содржини