Колку и искуство да има една жена, има грешки во сексот кои секој ги прави. Но, нема зошто да се грижите, дами, секој ги прави овие грешки барем еднаш. Добро е што се учи од нив.
Ако досега не сте сфатиле каде грешите, видете кои се најчестите погрешни потези во кревет и не ги повторувајте!
Не иницирате секс
Недостатокот на иницијатива во сексот пречи, бидејќи ги инхибира желбите и на спротивната страна. Ако мажот постојано се чувствува непосакуван, ако само тој прв прави чекор кон интимност, ако секогаш чекате тој да иницира, сексуалниот живот ќе страда.
Правите од мува слон
Голема грешка е да се чека да се стигне само до крајниот резултат од сексот – оргазмот . Ако понекогаш не оди и не завршувате заедно, не го претворајте во таков проблем. Постојат начини за решавање на ситуацијата преку различни секс техники. Ако сепак правите од мува слон, може желбата на партнерот да испари.
Не давате комплименти
Нема маж кој не сака понекогаш да му се дадат и комплименти. На крајот сè што мажите прават е за да нè импресионираат. Ако не ги фалиме од време на време, ќе го изгубиме наклонувањето.
Не грижете се како изгледате
Чест женски комплекс е срамот како изгледаме голи во кревет. Во момент на возбуда мажите ретко забележуваат разни недостатоци кои ние ги препознаваме на своето тело. Последното што ги интересира е дали имате стрии по бутовите или помалку целулит по задникот. Доживувањето е од значење. Не го помрачувајте со сомнежи. Ова се открива и во претставувањето.
Не споделувате што сакате
Не се срамете од своите сексуални желби. Луѓето не читаат мисли. Понекогаш е подобро да споделите што точно сакате, наместо да се надевате тој да се сети сам. Така ќе го направите сексот уште повозбудлив.
Со ноктите во кожата
Може да ви се чини секси и супер возбудувачко, бидејќи го прикажуваат во многу филмови со жешки секс сцени, но мажите не го сакаат. Поставувањето на ноктите во кожата, претежно по грбот, може прилично нагло да ја натера возбудата да стивне. Имајте го тоа предвид.
Не експериментирате
Најубавиот дел од сексот, а вие го пропуштате ?! Зошто не експериментирате? Та тоа е забавно, најразгорувачкото и најинтересно од целата врска. Обидете се и нема да жалите.
Не го оставате да спие
Еј, девојки! Проголтајте го фактот дека мажите имаат потреба од спиење после секс. Тоа е нормална физиолошка реакција и треба да им простите. По наглиот пад на допаминот и тестостерон мозокот има потреба од одмор и веднаш исклучува одредени функции, за да се зачуваат.
Следниот пат ако партнерот заспие наскоро после секс, не му се лутете.