Секс-скандал го тресе Хајдук: Сопругата на Перишиќ го оставила, а тој го напушти Сплит поради неа

од Nikola Popovski
149 прегледи

Кога пристигна, Иван Перишиќ беше пречекан од сплитскиот Хајдук со емотивно видео. Меѓутоа, наместо да се бори за титулата, само шест месеци подоцна легендарниот хрватски фудбалер го „крена сидрото“ и го напушти клубот за кој навива, но не поради фудбалот, туку, според локалните медиуми, поради секс-афера.

Перишиќ одигра само 12 натпревари за Хајдук, постигна еден гол и се уште не беше на нивото што се очекуваше од играч со неговата репутација, но малкумина веруваа дека тоа ќе биде се кога станува збор за неговиот учинок во дресот на хрватскиот клуб.

Договорот со клубот од градот во кој е роден како слободен играч го парафира на 19 јануари 2024 година, кога му била претставена емотивната снимка спомената погоре, а на 30 август истата година беше раскината соработката.

Почнаа шпекулациите што би можело да биде причината, но тешко е да се поверува дека дури и тренер со сомнителни квалитети како Џенаро Гатузо, заради строги тренинзи, би бил подготвен да се откаже од фудбалер со реноме на Перишиќ за да го покаже својот авторитет.

Нешто повеќе од еден месец откако Перишиќ го напушти клубот, клопчето почна да се одмотува.

Според хрватските медиуми, Перишиќ имал афера со популарна пејачка чиј идентитет (се уште) е непознат за време на неговиот престој во Хајдук.

Ова наводно го открила сопругата на Перишиќ, Јосипа, инаку негова девојка од средношколските денови, која ја напуштила Далмација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivan Perišić (@ivanperisic444)

Набрзо и самиот фудбалер тргнал по нејзините стапки.

Перишиќ се уште нема клуб, па прашање е дали и ова е крај на неговата кариера.

Слични содржини