Жените се подготвени на многу работи, само да имаат помошници во домаќинството. Според новото истражување на сајтот Statisticbrain, дамите често ги “поткупуваат” партнерите да им помагаат во кујната, со тоа што имаат секс со нив, дури и да не се расположени за бакнежи, пишува Daily Express.
Според изданието претставниците на понежниот пол се подготвени да се испотат во кревет, за да го инспирираат партнерот да се покаже во кујната подоцна. Ова помага за чистење и на останатите простории во домот.
Слично охрабрување било користено од 89 проценти од жените. Истражувањето покажува дека на дамите одамна не им се допаѓаат домашните активности и бараат секаков начин, за да ги пренесат на некој друг.
Психолозите сметаат дека не треба да се дојде до секс, поради една правосмукалка. Мажите биле подготвени да помагаат и со скромно галење.
Кога посилниот пол ќе почувствува внимание, доаѓал и прилив на хормони на среќата. Со тоа тие полесно биле подготвени да помагаат дома.