Секси издание на Емили Ратајковски во вредност од 4.000 долари (ФОТО)

од Nikola Popovski

Познатата манекенка Емили Ратајковски го прослави својот 30-ти роденден на семејно патување со сопругот Себастијан Бехр-Меклард и синот Силвестер.

Таа ги воодушеви своите следбеници, секако, со провокативни фотографии од плажа, позирајќи во портокалово здолниште и необичен градник „Версаче“.

Имено, здолништето кое го носеше на плажа чини околу 795 американски долари, додека цената на градникот, кој веќе е распродаден на страниците, е околу 3.100 долари.

„Градник од сирена“, како што го нарече британски „Вог“, е дел од колекцијата на познатата дизајнерка Донатела Версаче.

Но, она што ги воодушеви нејзините следбеници покрај скапиот градник беше нејзиниот совршено рамен стомак, само неколку месеци по породувањето.

Да потсетиме, обожавателите неодамна ја нападнаа Емили за начинот на кој држеше дете додека позираше на фотографиите на Инстаграм.

Слични содржини