Резултатите од новото истражување открива поинаква слика за интимноста на постарите луѓе, пишува “Дејли експрес”.
За целите, Лиза Бердичевски од Универзитетот на Илиноис, САД, и Галијани Нимрод од универзитетот “Бен-Гурион”, Израел, ги анализирале податоци за сексуалните ставови и практики на луѓе над 50-те.
Студијата утврдила дека луѓето над 50-годишна возраст не само што продолжуваат да бидат активни во кревет, но и истражуваат нови аспекти на својата сексуалност.

Многу возрасни велат дека се “сексуално способни, заинтригирани и активни”.
Во онлајн просторот, луѓето над 50 години најчесто бараат совети за состаноци, разговараат како да го продолжат сексуалниот живот по тешка загуба или раскажуваат за искуствата .
Авторите на студијата утврдиле уште дека некои луѓе на подоцнежната возраст со задоволство престануваат да имаат секс, истакнувајќи главно здравствени причини и недостаток на желба.
Други, пак, одбиваат да се лишат од задоволство и дури ги користат зрелите години, за да ги “израмнат” пропуштените можности во минатото. Според нив здравствените проблеми и возрасните стереотипи не се причина да се откажат од животот, а особено од сексот.
Минатата година проучување на специјалисти од Универзитетот на Манчестер, Велика Британија, покажа дека над 50% од мажите и над 1/3 од жените во земјата се сексуално активни и по 70-годишна возраст.