Снимањето на новата сезона на култната серија „Сексот и градот“ ги разгневи обожавателите откако Сара Џесика Паркер потврди дека во популарната серија на HBO Max ќе се зборува и за пандемијата на коронавирус, а гледачите не ја дочекаа оваа информација со ентузијазам.
Имено, многумина сметаат дека продукцијата е нечувствителна со оглед на тоа што ќе ја прикаже глобалната пандемија што им го уништи животот на многумина.
„Никој не сака да ја гледа короната на телевизија, особено кога пандемијата сè уште трае“, „Две работи се лоши во новата сезона: 1. Сексот и градот не е иста без Саманта и 2. Никој не сака ковид во забавната индустрија. Сакаме да побегнеме, да не бидеме принудени да се соочуваме со него на секој чекор “, се само дел од реакциите на оваа вест на социјалните мрежи.
Од друга страна, има и такви кои тврдат дека пандемијата што значително го погоди Њујорк мора да биде дел од приказната.
Патем, откако беше потврдено дека новата сезона на серијата се снима без Ким Катрал, односно Саманта Џонс, многу фанови се убедени дека серијата нема да биде со ист квалитет.