Слушам дека имало снимки на секс скандали на министри во владата на господинот од Охајо! И дека Социјалдемократскиот сојуз нема да ги објави затоа што на луѓето од Бихаќка поинтересно од сексот на министрите им било здравјето на нацијата!!!

Морам да признаам дека тој став на опозицијата ме возбуди повеќе од еден средно добар порно филм. Еве зошто?! Националната катастрофа не ја пореметува цврстата концентрација на Социјалдемократскиот сојуз и тие продолжуваат да и се поклонуваат на сопствената и на општествената малограѓанска чудоредност како на политичко евангелие, а бескомпромисната, да не речеме револуционерна страст кон сериозните промени како алфа и омега на општиот спас, да ја туркаат на маргините и во зоните за фин или погруб прогон на луѓето со поинакви становишта.
Луѓето кои се залагаат за темелна преобразба на македонското општество и на државата со жестоки критики се нафрлаат на ваквата филозофија, но во длабочината на своите анализи тие откриваат дека зад се стои стравувањето дека револуционерната преобразба би ја издувала оваа формација на социјалдемократите од политичката сцена односно тие би биле претворени во важен дел од работите што се менуваат.
Дозирањето на снимките за криминалите на власта беше детерминирано од идејата да се предизвикаат расположенија кои ќе бидат негативни за власта, но не во мерка која би предизвикала некаков бран на револуционерни промени!
Снимките на наводните секс скандали на министри се чуваат не затоа што тие снимки ќе им наштетат на министрите, туку затоа што можат да им наштетат на малограѓанските анкери на општеството и да го кренат балонот на темелните промени!
Со други зборови, Македонија продолжува да се валка во својата малограѓанштина прекрасно, како и секогаш, акомпанирана од својата малограѓанска елита! Кога не би било така, Заев и Шекеринска би ги објавиле сите секс снимки освен оние што се снимени во брачните кревети.
Сексот надвор од брачните кревети е и политички феномен.
Всушност, не е сексот како секс битен туку темата за односот кон семејството и преку тој однос за односот и компетенцијата на еден политичар да се грижи за нацијата и државата, за општото семејство.
Ако станува збор за истополов секс, важен е моментот дека во конзервативна влада која ги малтретира на секој чекор припадниците на ЛГБТ популацијата се жвее врз база на неподнослива лицемерност, врз база на однос кој ги дисквалификува, не по линија на сексуалната ориентација, туку врз база на политичката недоследност.
Таквата сексуална ориентација би ги довела во прашање и верската доследност на министрите и жестоката апликација на верата во сите сфери на општеството над сите модерни норми на секуларноста!
Да не говориме за евентуалните скандали на линија на педофилството или на малолетничките злоупотреби! Тоа се политички прашања пар екеланс и кон нив не може да се настапува со малоѓраѓанска поза за чување на општеството од непотребни трауми.
Апсолутно е глупаво и неприфатливо тој што има такви снимки да настапува од позицијата на некоја малограѓанска вертикала и да кокетира како важна политичка алтернатива со истите такви стандарди на оваа усрано општество!
Бранко Тричковски
фејсбук статус