Зборот “секс” е како наплив на возбуда, страст, експеримент. Тој е задоволство, но и потреба.a763108af75b9537cdcced3b05ace2fe

Повеќето луѓе веруваат на тврдењето дека сексуалната желба се намалува со возраста.
Дали е така и дали ова правило важи за сите? Едно е сигурно – сексот е различно убав во секоја возраст. Каков е тој на 20, 30, 40 и 50-годишна возраст, видете во следните редови.

Сексот на 20 години
Сексот меѓу 20-те и 30-те години е лесен, без непотребен стрес. Тоа се годините во кои го правиме секој ден, по неколку пати на ден, кога и колку ни се сака, без ни најмалку да нè изморува.

Имаме можност, но  е важно да експериментираме, да ги афирмираме своите желби и страсти, да откриеме што ни се допаѓа а што не, да се научиме не само да даваме, но и да сакаме да добиеме. Кулминацијата е на дофат, а бројните оргазми се интензивни.

Секое едно искуство со нов партнер или со долгогодишниот е како нова секс лекција. Сакаме да го восхитиме партнерот, но често во брзање и одминуваме некои важни детали како предигра и емоционалното давање на љубов. Сексот во 20-тите години е како експлозија од страсти и расположенија.

ce9989bab4d99b0d039d6881a0f8d961Сексот на 30 години
Добредојдовте во златното доба за секс. Возраста во која огнот на страста се разгорува. Сексот меѓу 30 и 40-годишна возраст се уште е така силно посакуван, како во 20-тите, но тука веќе стекнува друга вредност.

Вметнувате многу повеќе сензуалност, емоции, можеби имате и свои изградени правила.Ја приложувате интимноста пред партнерот без инхибиции, но се стремите да ја изучите и неговата. Помалку експериментирање, повеќе реалност, затоа што веќе тестирањето ви дава повеќе задоволство.

Тантричкиот секс, вежбите на Кегел се сите нешта за кои не само што сте слушнале, но и кои се применуваат почесто, бидејќи разбирате и гледате на сексот не како на задоволување на сексуален нагон, туку како нешто со вредност.

Се разбира има време и за брзи фрлања, минлив секс. Периодот меѓу 30 и 40-годишна возраст е овој, во кој жената е женствена и сексуално оддадена на партнерот.

Сексот на 40
Добредојдовте во реалноста. Може да имате желба за секс на 20 годишник, но не и енергијата. Грижите и исполнетотосекојдневие често ќе одземаат од желбата и силите за секс. За вас сексот ќе биде еднаш или два пати месечно.2513b7082fb572a11fe3bb53cf0a20d1

Еректилна дисфункција, сувост на вагината, стрес … Сето ова помалку или повеќе ќе влијае на сексуалниот живот. Ова не треба да ви пречи, бидејќи со партнерот ќе пловите во чамец.

И покрај моментите на непријатност, сексот повторно ќе се случува со чувство и страст. Дали ќе сакате да експериментирате? Никогаш не е доцна да пробате нешто ново.

Сексот на 50 години
Сексот на 50 и потоа ќе се случува поретко отколку кога бевте на 40. Ова е посебен период во кој партнерите придаваат повеќе значење на тоа дека се заедно, отколку на страстите.

Сексот кога ќе се случи, ќе биде како достигнување. Некои физиолошки промени или здравствени болести или моментални болки ќе остават во вас копнеж.
И покрај нискиот тестостерон кај мажите и ниските вредности на естроген кај жените, важно е да се опуштите и да пловите по течението.
Слушнете го вашето тело и тоа на партнерот, следете ги знаците кои ви ги дава, за да може да се постигне врвот во интимен план. Не заборавајте за предиграта, дури и на 50 таа е важна.

Слични содржини