Сексуалните работнички маршираа низ Скопје, со црвени чадори одбележаа „5353 денови до правда“

од Nikola Popovski
673 прегледи

Сексуалните работнички предводени од првиот колектив на сексуални работници на Балканот, СТАР и здружението за опции на здрав живот, ХОПС, денеска со Марш на црвените чадори традиционално го одбележаа Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работнички, 17 Декември.

-Со овогодинешната кампања „5353 денови до правда”, одбележуваме 15 години од сензационалистичката полициска акција „Сузбивање на улична проституција” од страна на Министерството за внатрешни работи, во која беа приведени 23 сексуални работнички и на кои им беше повредено правото на приватност со јавно споделување на нивни фотографии на веб-страницата на МВР. Долгогодишната правна битка за правда на сексуалните работнички по полициската акција „Сузбивање на улична проституција” во ноември 2008, најпосле заврши со пресуда на ЕСЧП во 2023 година, по жалбата поднесена во 2017 година и ја задолжи државата да им исплати износ од 13.300 евра за претрпените повреди и неефикасната заштита на нивните права пред домашните судови, велат од здружението СТАР.

Според директорката на здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Хајди Штерјова Симоновиќ, оваа година сексуалните работнички конечно остварија правда поради прекршување на нивните права од страна на институциите.

Таа нагласи дека токму тоа е повредата што ја утврди Европскиот суд за човекови права утврдувајќи дека на четирите апликантки, од 13 само четири продолжиле понатаму за Европскиот суд, Министерството за внатрешни работи им ги повредило правата, но и дека Апелациониот суд со тоа што само ја уважил жалбата на МВР без да даде никакво образложение повторно им ги повредил правата.

Како резултат на тоа, Европскиот суд за човекови права им досуди обештетување од 3.300 евра.

На 20 и 21 ноември 2008 година, во вечерните часови, полицијата спровела полициска акција наречена „Сузбивање на улична проституција”, во која биле лишени од слобода 32 лица, од кои 23 сексуални работнички. Од нив 13 сексуални работници поднесоа тужба за заштита на нивните лични права пред Граѓанскиот суд во Скопје, кој во два наврати утврди повреда на правата и ги задолжи МВР и Кривичниот суд Скопје да ја надоместат штетата за извршените повреди. Откако Апелацискиот суд конечно ја преиначи пресудата, четири од жртвите борбата ја продолжија пред Европскиот суд за човекови права.

Слични содржини