Села: Ако не се почитува легитимитетот, остануваме на милост и немилост на Мицкоски

од Nikola Popovski
91 прегледи

Крилото на Алијанса за Албанците, предводено од пратеникот Зијадин Села, синоќа од Скопје ги започна средбите со граѓаните, како што претходно најавуваа. Целта на низата средби со граѓаните и поддржувачите, како што беше речено, е за да се демаскира оваа власт и да ги алармира Албанците за легитимизација на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Села пред присутните зборувал за опасноста доколку не се почитува легитимитетот на Албанците.

„Што прават овие претседатели на ВЛЕН? Ги легитимираат постапките што ВМРО-ДПМНЕ, одземајќи ни ги правата кои се остварени со многу труд и жртви. И тогаш и сега имаат само моќ за возврат.

Што ќе се случи ако постојано не се почитува легитимитетот на Албанците? Каде ќе завршиме како народ? Го знаете одговорот! И јас им кажувам – на милост и немилост, во добро и во лошо, на Мицкоски, Петко, Трајко и некој друг… Дали сте сигурни во оваа милост? Не јас, не ти, не нашите деца. Ниту тие што се родиле и ќе се родат, не можат да бидат безбедни во ваквата милост на овие луѓе“, рекол Села, пренесуваат дел од медиумите на албански јазик во земјава.

Лидерот на Алијанса уште претходно најавуваше политичка акција преку средби со граѓаните, а не исклучи да се организираат протести и бојкот на институциите, без да прецизира како ќе се спроведуваат. Села неодамна изјави дека очекува коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН да не опстои цел мандат и тврдеше дека следната година ќе се оди на предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните.

Слични содржини