Села: Алијанса не ги прави печатот, туку сите што сме тука сме некаков вид печат

од Nikola Popovski
199 прегледи

Новиот лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села ја поздрави одлуката на Тетовскиот суд, со што му ги додели печатите на партијата и го назначи за легитимен претседател. Според него, веќе е јасно за сите дека АА е спремна за избори и дека ќе оствари добри резултати.

-Ја користам приликава за да испратам апел до дел од членовите на АА кои имале дилеми. Добредојдени се во нивниот дом за заедно да продолжиме партијата да биде уште посилна и после изборите, рече Села на прес-конференција во седиштето на Алијанса за Албанците.

Села истакна и дека не се работи за спор меѓу него и претходниот претседател на АА, Арбен Таравари, туку за одлука на Конгресот на партијата.

-Негово право е да ја обжали одлуката. Такво право има секој делегат и член на партијата. Веќе по изјавите што доаѓааат од нивна страна тоа е дел од хајката против АА. Партијата е една од најважните поголеми партии во земјава, кажа претседателот на АА.

-АА не ги прави печатот, туку сите што сме тука сме печат. Сме дале придонес за партијата да биде тоа што е денес, додаде Села.

Слични содржини