Села: Алијанса се враќа на Албанците

од Nikola Popovski
169 прегледи

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села ја поздрави одлуката на Основниот суд во Тетово за добивање на печатите на партијата и добиениот спор со Арбен Таравари. Вели дека бил информиран од адвокатот на партијата. Упати порака дека партијата се враќа на Албанците во државата.

-Денеска по вторпат Тетовскиот суд одлучи дека претседател на АА треба да бидам јас – Зијадин Села. Тука сум за да ја соопштам веста пред членството на партијата и пред граѓаните на Македонија бидејќи, политичките партии имаат димензии и се основани за општото добро. Во моментов ова е важен чин бидејќи веќе се разјаснува патот на АА. Партијата припаѓа на нејзините основачи и се враќа на нејзините корени. Фактот околу тоа на кого му припаѓа партијата е многу важен и за граѓаните, пред се Албанците, но и на сите граѓани во државата, кажа Села во изјава за медиумите од Собранието.

Основен суд Тетово донел решение со кое Зијадин Села е впишан како претседател на Алијанса за Албанците. Ова решение доаѓа откако во април 2024 беше донесена иста таква одлука, за поставување на Села како претседател, која потоа беше обжалена од крилото на Арбен Таравари во Апелациски суд. Повисокиот суд во септември 2024 го врати предметот на повторно судење. Тетовскиот суд решението го донел на 20 јануари 2025 година под РПП бр.6/2024.

Слични содржини