Села бара здружување на сите албански партии за да се „спречат непријателските планови кон Албанците и другите заедници“

од Nikola Popovski
111 прегледи

Пратеникот и предводникот на крилото во Алијанса за Албанците кое се приклучи на „Европскиот фронт“ Зијадин Села уверува дека со протестите најавени за септември од страна на опозицијата во албанскиот блок, нема тенденција за дестабилизација на Македонија, туку за изразување на незадоволството за кршењето на правата на граѓаните преку кршење на легитимитетот изразен со нивните гласови.

„Кога ги гледам одговорите што ги даваат на новинарските прашања, често се прашувам: Која е границата меѓу нормалното и ненормалното, меѓу интелектот и глупоста. Вака размислувам кога гледам како политичар го прашуваат зошто на некое место недостасува албанска табла, тој вели: Ова е следниот обид за дестабилизација. На прашањето дали има информации за дестабилизација министерот за внатрешни работи вели потврдно и додава дека сме ги направиле сите чекори за најавените протести во септември. Протестот не е тенденција за дестабилизација, тоа е демократско право. Колку се почести, толку помала е моќта ограничена со овие отстапувања“, рече Села во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Вели дека е загрижен бидејќи не гледа резултати од исполнувањето на владината програма, во пресрет на 100-те дена Влада.

„Загрижен сум, да. Гледајќи ги настапите на оваа Влада. Ги спомнавте 100-те дена? 100 дена имаат значење. Новото мнозинство треба да ги покаже првите чекори од спроведувањето на програмата, но овие не ги гледаме“, истакнал Села.

Пратеникот упати и јавен апел до албанскиот политички фактор во Македонија. Тој бара да се здружат сите, без разлика дали се на власт или опозиција, за, како што вели, „да го спречат остварувањето на немилосрдните планови кон Албанците и другите заедници“.

„Ние сме во време кога многу добро треба да размислиме какво ќе биде однесувањето, позиционирањето, не на Алијансата за Албанците, БЕСА, или што знам, Демократското движење или како и да се вика, во однос на ВМРО-ДПМНЕ, но во однос на македонската политика. Ние овде мора да најдеме заеднички јазик за да спречиме во иднина да се реализираат планови кои не се пријателски настроени кон Албанците, но и кон другите заедници“, рече поранешниот прв човек на Алијанса за Албанците.

Слични содржини