Села: Бараме и предвремени избори и ново мнозинство

од Берта Китинска
321 прегледи

Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села смета дека фингерпринт на изборите е добра и потребна работа.

-Во процедура сме да го заштитиме правото на граѓаните да се определат и да гласаат, да не се манипулира и краде нивниот глас и суверенитет. Од завршувањето на последните парламентарни избори имаме кривични пријави, а над 100 гласачки места, а до ден денес немам одговори од одредени обвинителства. Наша целта е еднаш засекогаш да се спречи злоупотребата. Фингерпринтот е еден начин да се стави крај на ова, ние го поддржуваме, вели Села во Утрински брифинг.

За евентуална одлука за бојкот на изборите, Села смета дека треба да се седне, да се разговара и вели дека стратешки тоа може да оди во прилог само на ДУИ и на никој друг.

-Ние имаме задача да доденесме промена кај албанското општество. Тоа е една тешка одлука и туку така не може да се донесе. Локалните избори стратешки политички не се во ред да се бојкотираат, бидејќи нема повторување на истите. Ако бојкотираш четири години нема локална власт, а промена е неопходна и на локално и на централно ниво.

Бараме и предвремени избори и ново мнозинство. Ние би коалицирале со сите кои ќе ги прифатат нашите политички определби, зацртани во нашата програма. Комуникации како политички партии имаме, но ако ме прашувате дали јас лично разговарам со некој во врска со идно коалицирање, одговорот е не. Тоа се гледа и по одлуките кои се носат во Собрание. Имаме закон за попис кој ВМРО-ДПМНЕ го бојкотираше, а ние го поддржавме и без нас тој закон немаше да помине. Договарање за опозиционен фронт нема, вели Села.

Слични содржини