Села: Бугарија да го признае македонското малцинство

од Nikola Popovski
216 прегледи

Лидерот на Алијанса на Албанците (АА), Зијадин Села смета дека Македонија и Бугарија треба обострано да ги признаат малцинствата во двете земји.

-Тоа би било еден добар чекор. Македонија да го признае бугарското малцинство во земјава, но и нашиот сосед да го признае македонското малцинство во неговата земја. Отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ е право на секој народ и секоја држава е да чествува како што размислуваат. Сепак таквите потези не одат во прилог на надминување на спорот помеѓу двете држави. Наш став е дека соседите треба да се признаат меѓу себе, рече Села на прес-конференција во Собранието.

Тој ја повика Бугарија да го тргне ветото и Северна Македонија заедно со Албанија што побргу да бидат членки на Европската унија, бидејќи, како што рече, ЕУ не е само унија на земјите-членки заради некои економски интереси, туку повеќе се гледа како унија која има исто така и геополитичко значење.

 

Слични содржини