Села демантира дека ќе ја напушти владата

од desk4
85 прегледи

Лидерот на Алијансата за Албанците ги демантира гласините дека овој субјект ќе ја напушти владата на Заев. Според него, станува збор за шпекулации кои произлегуваат од политичката кујна на ДУИ за потребите на локалните избори, информира АлсатМ.

„Станува збор за дезинформации што ги шири ДУИ во функција на локалните избори сакајќи да ги заплаши луѓето, онака како што постапувале секогаш. Тоа не е воопшто точно затоа што за тие прашања не одлучува ДУИ. Ние во владата сме главни носители на реформите што таа ги прави и ние сме гарант за реформите. Не може гарант за реформите да биде еден политички субјект кој создавал проблеми како што е ДУИ. Затоа, станува збор само за шпекулации и пропаганда на ДУИ, ништо повеќе“, рече Села./извор АлсатМ