За жалење си премиере, толку многу ве заслепи власта што не оставивте вредност во чие име дојдовте на власт, без да ja прегазите. Но, не заборавајте едно, не сме сите исти. Тешко е да се разбере зошто-то на оставката бидејќи вие тоа го немате во себе. А тоа е совестa, моралот а не власта, напиша првиот човек на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на Фејсбук.
Во текот на денот премиерот Зоран Заев одговори на новинарско прашање дали ќе поднесе оставка по барањето токму на Села.
-Немам дополнителен коментар на изјавите на Села. Само ќе прашам зошто. Должен е да каже зошто. Ако не каже тогаш тоа е желбата за пуста власт. Зошто да поднесам оставка? За да дојдат Мицкоски и Села? Тие ја користат грозотијата на трагедијата. Болката е искрена кај сите нас. Се додека вака се однесуваат ќе губат на избори. Јасна е сликата кај нашиот народ и јасен е изборот, одговори Заев.