216
На денешната прес-конференција лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села изјави дека единствен контакт кој го имал деновиве е оној со Собранието околу конситутивната седница на Парламентот.
Тој говореше и за неодамнешните избори.
„По изборите ДУИ е легален субјект, но не и легитимен. Тие низ целата кампања имаа само едно ветување – Албанец премиер. Ние за тоа не се противевме, но, ако не успеат, треба сами да си одат во опозиција“, истакна Села.