Села: ДУИ сместила блиски лица во повеќе судски институции

од Nikola Popovski
254 прегледи

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села на прес-конференција ја обвини ДУИ дека го контролира судство.

Според него, за случаите „Маџар Телеком” против Али Ахмети и Муса Џафери, случајот „Пациент” против Бујар Османи и случајот „Титаник 3” против Ејуп Халими, сите се амнестирани.

Села вели дека ДУИ сместила неколку блиски лица во повеќе судски институции во земјава.

„Се соочуваме со вистински масакр во судството, со десетици судии и обвинители под тотална контрола на ДУИ. Значи, тоа што го најдовме покажува систематско заземање од страна на ДУИ на секој суд и секоја обвинителска инстанца, без исклучок, рече Села и посочи дека тие што го заробија судството имаат име и презиме и тоа се Блерим Беџети, Аднан Јашари, Валдет Џафери, Билент Саљији и Агим Нухиу, сите министри на Али Ахмети“, рече Села.

Реагираа од Демократската Унија за Интеграција од каде оценуваат дека денешната прес-конференција на Села е јавен притисок врз целиот правосуден систем и вработените во овој сектор.

„Демократската Унија за Интеграција е единствената партија која го иницираше ветингот во сите нивоа на власт, вклучително и во правосудниот систем, за да има чисти и достоинствени личности кои ќе си ја вршат работата на најдобар можен начин“, се вели во реакацијата на ДУИ.

Слични содржини