Села го оспори Законот за Безбеден град, тврди дека со него се удира врз целото население

-Внатре во законот има многу прашања кои удираат директно врз рамноправноста на граѓаните, рече Села пред Уставниот суд

од Nikola Popovski
25 прегледи Фото: Принтскрин

Лидерот на едното од трите крила на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, заедно со двајца пратеници од неговата партија, денеска го оспорија Законот за „Безбеден град“ пред Уставниот суд. Села од пред зградата на Судот порача дека „со овој закон се удира врз целото население во Македонија“.

Тврди дека не смееше да се дозволи законот да помине во брза постапка.

-Друго прашање кое што може да се крене е зошто проектот кој што со месеци се промовира од Владата, беше поднесен од пратеници во Собранието? Зошто се крие Владата и зошто самата не излезе со своја иницијатива? Внатре во законот има многу прашања кои удираат директно врз рамноправноста на граѓаните. Како прво, премиерот, претседателот и сите функционери се избрани треба да ги почитуваат законите и затоа даваат заклетва. Еден од законите кои треба да ги почитуваат е и Законот за употреба на јазици, рече Села во изјава за медиумите.

-Треба да се запрашаме дали сме парламентарна демократија? За жал, сме само на хартија и не се почитува. Ова повеќе личи на моменти од минатото во Римското царство и дебатата за концепт на република. Да бидеме свесни да не ни се повторува, додаде лидерот на АА.