Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села вели дека на средбата премиерот Ковачевски истакнал дека со предлогот, македонскиот јазик е зачуван.
„Со премиерот дел од дебата ја имавме и во врска со макеоднскиот јазик и нормално дека ние ги разбираме, ние сме живееле и живееме во една држава за да се разбереме меѓу себе. Го разбираме и емоционалното чувство на сите граѓани. Премиерот инсистираше дека македонскиот јазик е зачуван, не се работи за промени. Јас ја искористувам ова можност да им упатам апел на сите граѓани. Се надевам дека конечно не сфаќаат и нас, после повеќе од 20 години, како се чувствуваат Албанците, кога за албанскиот јазик во оваа држава дефиницијата е куп зборови и само зборот зборот албански не постои. Дефиницијата е јазикот кој го зборуваат најмалку 20 посто од граѓаните и кој е различен од македонскиот јазик, мислам дека за Албанците е омаловажувачки и не треба да стои таква дефиниција и се надевам дека кога ќе се отвори Уставот ќе треба да се има предвид и оваа дефиниција, кажа Села.
Зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ, според Села, има геополитичко значење и политичарите треба повеќе да размислуваат за стабилноста на регионот, а помалку за добивање на политички поени.