Лидерите на партиите од коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши на заедничка прес-конференција изјавија дека волјата на граѓаните не била реализација на договорот кој го слушнавме.
„Позади мене е Собранието, граѓаните беа свесни дека вољата нивна не беше преточена во реализација вчера со договорот кој го слушнавме. Освен она што секогаш го слушаме, позиции, министрти, не слушнавме дека некој зборува за граѓаните, да се врати надежта, особено кај Албанците. Ја злоупотребија волјата на граѓаните. ДУИ можеби ќе биде дел од власта, но тоа ќе значи дека Албанците уште повеќе ќе бидат заробени и уплашени. За што служи демократијата, кога не им даваш слобода на тие што те гласале. Нема да дозволиме да купуваат и крадат гласови“, истакна Зијадин Села.
Тој потенцирал дека треба да им биде јасно дека ќе имаат голем противник и дека чекаат се уште одговор од Обвинителство за изборните нерегуларности на парламентарните избори.
Африм Гаши вели дека гласовите на ДУИ се добиени со закани и притисоци.
„ДУИ ги излажа гласачите, ветуваше премиер Албанец а сега гледаме дека се откажа од таа идеа. Дали и ние на следните избори треба да лажеме. Оваа влада ќе стои на две стаклени нозе и ние сме убедени дека нема да опстои толку долго“, изјави Гаши.