Коалицијата Алијанса – Алтернатива е против одложување на пописот, што вчера го договорија премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на лидерската средба во Клубот на пратеници.
Ние овој процес ќе го спречиме со сите наши средства, за да продолжи да се спорведува пописот.Ние како коалиција ќе направиме сѐ да го зачуваме дигнитетот на Албанците, рече Гаши додавајќи дека улога во одложувањето на пописот, покрај лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ има и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
-Али Ахмети го стори она што го стори заедно со Груевски за да го спречи пописот, денес во 2021 година е со Заев за повторно да го спречи овој процес, рече Гаши.
Според Села, пак не може да има никакви ефекти од средби, како таа на Заев и Мицкоски вчера, туку смета дека за овие прашања треба да се разговара во Собранието.
-Нема да го дозволиме одложувањето на пописот. Имаме механизам да спречиме промена или одложување на Законот за попис преку Бадинетеровото мнозинство. Пописот треба да продолжи, не треба да се одложува. Аргументите поврзани со пандемијата не држат, бидејќи процесот на попишување не е поразличен од прес-конференцијата што денеска ја имаме тука. За пописот постои закон, кој треба да се почитува и спроведе до крај, рече Села, кој ги повика попишувачите да продолжат со своите задолженија.