Села и Мемеди се “збратимија”- политичка платформа “бинационална држава”

од desk3
106 прегледи

Денеска се официјализираше нов сојуз меѓу албански партии. Се вика Сојуз за Албанците, а составен од Движењето за реформи – ДПА (ДР-ДПА) на Зијадин Села и Националната демократска преродба (НДП) на Весел Мемеди. Лидерите договорија настап со заеднички листи на парламентарните избори и бараат со Уставот Македонија да биде дефинирана како бинационална држава.

sela-memedi

„Македонија треба да биде бинационална држава, со сѐ што тоа подразбира. Во таков случај ние би станале дел од извршната власт. Настапуваме чесно и ги кажуваме нашите ветувања.”-изјави струшкиот градоначалник Села.

Села и Мемеди побараа преговорите за решавање на политичката криза да завршат што побрзо со договор за формирање на експертска влада што ќе ја подготви земјата за фер и демократски избори. Според Села , Сојузот ќе ја побара довербата на мнозинството Албанци, но во случај на победа, нема да влезе во новата влада, доколку таа влада не усвои програма за уставни измени кои Македонија ќе ја дефинираат како бинационална држава.
Мемеди пак смета дека политичката криза предолго трае и дека Европската Унија не успеа да најде решение.

„Американскиот фактор треба што поскоро активно да се вклучи во решавањето на македонската политичка криза. Само така можеме да излеземе од овој ќорсокак. Се потврди на Балканот дека без САД не се можни трајни решенија. И 2001 година беше потврда дека е потребен ангажман на САД”, посочи Мемеди.

Сојузот за Албанците е отворен и за други партии, доколку ја прифаќаат Платформата. Со Движењето Беса се воделе разговори, но тие, пред да се изјаснат дали ги прифаќаат зеднички изборни листи и Платформата донеле самостојна одлука за организирање на протест.