Села ја прекина соработката со Мицкоски, од ВМРО-ДПМНЕ велат одлуката е донесена под вештачки притисок

од Vladimir Zorba
351 прегледи

Жал ни е што Алијанса не ја препознава можноста да се делегитимираат до крај криминалните политики на ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за „Локално“ по одлуката на партијата на Зијадин Села, Алијансата за Албанците да ја прекине соработката што досега ја имаа со опозициската

партија. Тоа се случи откако градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, го разреши од директорската позиција во „Комунална хигиена“, Зуди Енузи, чијшто брат, Цуфи, кој исто така е член на АА, учествуваше во вооружен инцидент на плоштадот „Скендербег“.

Од ВМРО-ДПМЕ велат дека одлука на АА е донесена „под вештачкиот притисок и лажниот театар на меѓуетнички тензии“ кои го најавиле власта на СДСМ и ДУИ, додавајќи дека зад неа стои единствено „желбата за зачувување на привилегиите на власта, тендерите и асимилацијата која ја спроведува владата“.

-Сите тие што ќе наседнат на тој театар, е одлична можност да влезат во играта на власта која во моментот е детронизирана, сериозно разнишана и без кредибилитет да носи одлуки. Жал ние што Алијанса не ја препознава можноста да се делегитимираат до крај криминалните политики на ДУИ, туку се уфрла во нивното сценарио за оддржување на власт. И во тој контекст Алијанса на Албанците треба да одлучи што е поважно, дали да се смени оваа власт која носи лош живот и за Албанците како и за Македонците, или пак ќе продолжи деценицското поигрување на ДУИ со Албанците и нивната лажна националистичка игра, велат од партијата на Христијан Мицкоски.

Враќање на претходни сценарија на ДУИ и ВМРО повеќе нема да дозволат од Алијансата за Албанците, кажаа вчера од партијата на Села.

-Контаминацијата и метастазирањето на Левица во ВМРО-ДПМНЕ, враќањето на заедничките сценарија на ДУИ и ВМРО како во времето на груевизмот, сега со поддршка и на СДСМ, се лесни за читање и неприфатливи за Алијансата за Албанците. Не дозволуваме да бидеме ниту дел, ниту жртва на вакви сценарија. Слично како и другите пати, Албанците и овој пат платија. А поените ги земаат ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Враќање на претходните сценарија на ДУИ и ВМРО повеќе нема да дозволува Алијансата за Албанците. Како резултат на последните случувања, ја прекинуваме соработката со ВМРО, не дозволувајќи повеќе да се навредуваат Албанците, изјавија од партијата.

Б.М.

Слични содржини