Села ја “раскина политичката љубов” со ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво

од desk3
121 прегледи

Претседателот на општина Струга, Зијадин Села ја прекина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ што функционираше на локално ниво. Причина за таквиот чекор од општината го наведуваат ставот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да гласаат за точката со која општина Струга би испратила парична помош во висина од 600 илјади денари за лицата од Куманово чиишто домови беа оштетени во полициската акција против вооружената група, пренесе Алсат-М.

images (1)

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не ја поддржуваат предложената точка бидејќи сметаат дека општината треба да им излезе во пресрет и на припадниците на македонските безбедносни сили што учествуваа во акцијата против вооружената група.

Коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДПА во Струга функционираше две години.